Корисни информации

Оваа страна е наменета за големопродажба исклучиво кон регистрирани правни лица. Сите нарачки направени од физички лица или нарачки на мало, нема да се процесираат.

За да го користите системот за нарачки, потребно е да се регистрирате/најавите.

Ако веќе сте наш клиент, а не сте го користеле системот за онлајн нарачки, контактирајте го вашиот комерцијалист за да ви овозможи пристап. Доколку не сте наш клиент, а сте заинтересирани за нашите производи, контактирајте не.

Регистрација

За да се регистрирате контактирајте го вашиот комерцијалист за да ви овозможи пристап или кликнете овде за да не контактирате. Потребно е да имате регистрирана фирма, да ја пополните апликацијата и да ја испратите. Во полето за прикачување на документи, пожелно е да ја прикачите вашата тековна состојба.

Најава во системот

По успешна регистрација, ќе добиете корисничко име и лозинка за пристап. Откако ќе се најавите, ќе имате пристап до цените и залихите на производите и ќе можете да правите нарачки.

Навигација

За наједноставна навигација по сајтот, користете ја листата за селекција по брендови.

Доколку барате конкретен производ, можете да ја користите и опцијата за пребарување.

Преглед и нарачување на производи

По избор на бренд, добивате преглед на сите производи во табела прилагодена за брзо нарачување.

Во полето “кол” ја пишувате посакувана количина и со избор на копчето “во корпа”, го додавате производот.

За брзо филтрирање на производите, можете да ги користите и опциите за филтер и пребарување во горниот дел на табелата.

Завршување на нарачка

Откако ќе завршите со нарачување на производите, кликнете на “преглед на корпа”.

Во прегледот на вашата корпа имате можност да ги промените количините на производите кои сте ги додале или да избриште некои од нив.

Ако сте задоволни со вашата нарачка, кликнете дека се согласувате со условите за продажба и кликнете “Заврши нарачка” на дното на страната.

Цените кои се наведени се со вклучен ДДВ. Цените се дадени БЕЗ вашиот редовен или дополнителен попуст. По испраќањето на вашата нарачка, вашиот договорен попуст ќе биде внесен во конечната фактура.

X