Политика за приватност
Оваа политика за приватност се однесува на тоа како laura.com.mk ги користи и заштитува вашите податоци на оваа веб страна. laura.com.mk се обврзува да ја заштити вашата приватност. Доколку од вас побараме одредени податоци за идентификација кога ја користите оваа веб страна, ве уверуваме дека тие ќе се користат во согласност со оваа Политика за Приватност и во согласност со законите на РМ. laura.com.mk понекогаш може да ја промени оваа Политика за Приватност за да ја усогласи со моменталните закони во РСМ. Пожелно е да ја прочитате Политиката за Приватност пред да направите нарачка за да се осигурате дека сте согласни со начинот на кој ги користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Кои податоци се собираат
Можеме да ги собираме следниве податоци:
Име и презиме
Контактни информации вклучувајќи ја вашата email адреса
Демографски податоци како поштенски код, начин на кој ја користите веб страната и производи од ваш интерес
Како ги користиме личните податоци
Покрај основната намена за испорака, податоците ги користиме и за подобрување на нашите услуги.
- Интерно сметководство.
- Може да ги користиме податоците за подобрување на понудата и услугите.
- Периодични може да ви испратиме email со промотивна содржина, специјална понуда или други информации кои мислиме дека може да бидат интересни за вас, но само доколку ја пријавите вашата email адреса за да добивате новости.
Заштита на податоците
Ве уверуваме дека вашите податоци се безбедни. За да се спречи неавторизиран пристап до податоците, постои заштита од хостинг провајдерот како и SSL дирекно на нашата веб страна.
Како се користат cookies
Cookie е мал фајл кој со ваша дозвола се копира на хард дискот на вашиот компјутер. Кога ќе дозволите негова употреба, фајлот помага за анализа на користењето на интернетот или ве известува кога ќе посетите одредена веб страна. Cookies им овозможуваат на веб апликациите да ве третираат индивидуално. Веб апликациите се прилагодуваат на вашите потреби и интереси со собирање на податоци за вашата работа на интернет.
Ние ги користиме Cookies за тоа кои страни од laura.com.mk се посетени. Ова ни помага за анализирање на податоците за посетеноста и интересот за одредени производи на нашата веб страна со што полесно и попрецизно можеме да ја прилагодиме на потребите на потрошувачите. Овие податоци ги користиме само за статистика, а потоа истите ги отстрануваме од системот.
Генерално, Cookies ни помагаат да понудиме подобра веб страна. Cookie во никој случај не ни овозможува пристап до вашиот компјутер или било какви други информации за вас, освен оние кои вие ги внесувате на нашата веб страна. Можете да изберете да ги прифатите (Accept) Cookies или да не ги прифатите (Decline). Повеќето веб прелистувачи автоматски прифаќаат Cookies, но доклку сакате, можете таа опција да ја промените во прилагодувањето на веб прелистувачот. На тој начин спречувате функционирање на дел од услугите на нашата веб страна.
Линкови до други веб страни
Нашата веб страна може да содржи линкови до други веб страни. Доколку посетите таков линк и ја напуштите нашата веб страна, имајте во предвид дека ние немаме контрола на таа веб страна.
Од таа причина, не можеме да бидеме одговорни за вашата приватност и заштита на вашите лични податоци кои ќе ги споделите надвор од нашата веб страна.
Контрола на вашите лични податоци
Можете да забраните користење на вашите лични податоци на еден од следниве начини:
- Кога внесувате податоци во некоја од формите на веб страната, одберете ја опцијата дека не сакате вашите податоци да се користат во никакви дирекни маркетинг активности
- Ако претходно сте дозволиле употреба на податоците за дирекни маркетинг активности, можете да се предомислите и да ни пишете.
Ние нема да ги продаваме или даваме вашите лични податоци на трети страни, освен ако тоа од нас не биде законски побарано.
Доколку сметате дека вашите податоци кои ги имаме се неточни или некомплетни, пишете ни.
Вашите податоци ги внесувате сами и вие одговарате за нивната точност и веродостојност. Ние не сносиме никаква одговорност за внесените податоци.
Листа на cookies кои ги собираме
Во табелата подолу е прикажана листа на cookies кои ги собираме и кои податоци тие ги содржат.
Име на COOKIE | Опис на COOKIE |
---|---|
CART | Потрошувачка корпа. |
CATEGORY_INFO | Содржи информации за категоријата и овозможува побрзо вчитување на страната. |
COMPARE | Производи кои се наоѓаат во Листата за споредба. |
CURRENCY | Валута |
CUSTOMER | Заштитена верзија на вашето корисничко име. |
CUSTOMER_AUTH | Индикатор дали сте најавени. |
CUSTOMER_INFO | Заштитена верзија на која група на потрошувач припаѓате. |
CUSTOMER_SEGMENT_IDS | Податоци за корисничкиот сегмент |
EXTERNAL_NO_CACHE | Ознака дали е вклучена Cache опцијата на вашиот веб прелистувач. |
FRONTEND | Вашата сесија на серверот. |
GUEST-VIEW | Овозможува корисниците кои не се најавени да ги ажурираат нарачките. |
LAST_CATEGORY | Последна категорија која сте ја посетиле. |
LAST_PRODUCT | Последниот производ кој сте го посетиле. |
NEWMESSAGE | Означува дали имате нова порака. |
NO_CACHE | Означува дали е дозволена употреба на Cache. |
PERSISTENT_SHOPPING_CART | Информации за потрошувачката корпа и историја. |
POLL | Корисничко име за учество во анкети. |
POLLN | Информација во кои анкети сте учествувале. |
RECENTLYCOMPARED | Кои производи сте ги споредувале. |
STF | Кои производи сте ги препратиле на пријател. |
STORE | Преглед и јазик на страната. |
USER_ALLOWED_SAVE_COOKIE | Означува дали е дозволена употреба на cookies. |
VIEWED_PRODUCT_IDS | Скоро гледани производи. |
WISHLIST | Заштитена листа на производи внесени во Листа на желби. |
WISHLIST_CNT | Број на производи во Листа на желби. |